Почина Стамен Филипов, борецот против лошите закони

Facebook
Twitter
Email
Print

Стамен Филипов, пензиониран правник од АРМ со чин потполковник, познат каков човекот што поднел најмногу претставки до Уставниот суд на РМ, починал вчера на 74-годишна возраст.

 

Стамен Филимов или како што го нарекуваа новинарите  „уривачот на закони“, „борецот против лошите закони“, човекот кој две децении будно ја штитеше уставноста на нашата земја беше симбол на граѓанскиот активизам.

 

Во текот на своите пензионерски денови, Филипов поднел 1.200 претставки за оценување на уставноста на законски одредби и разни решенија, а од нив му биле прифатени 308. Од нив, 239 законски одредби се укинати или поништени, од кои 9 закони во целина и 65 подзаконски прописи, а 32 подзаконски прописи укинати во целина. За 569 негови иницијативи, судот сè уште не почнал постапка.

 

Тој пред Уставен суд ги оспоруваше Законот за лустрација , законот за измени на ДДВ, и многу други.

 

На прашање на претседателот на Уставниот суд пред 4 години, до кога ќе поднесува иницијативи, Стамен одговори:

 

,,Додека сум жив!’“

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи