Конструктивен, но тензичен состанок на Советот за реформи во правосудството

Facebook
Twitter
Email
Print

Тензично, но конструктивно. Вака поминал двочасовниот состанок на членовите во Советот за реформи во правосудството со министерот за правда Билен Саљији.

 

Договорено е професорката Мирјана Најчевска да води работна група која ќе треба прецизно да ги дефинира правилата на работа на Советот, како и неговата улога во реформите во правосудството. Сите 17 надворешни експерти, осум службеници и министерот Саљији се во Советот, а професорот Гордан Калајџиев иако јавно најави оставка, се уште не доставил такво барање до министерството.

 

Советот за реформи во правосудството кое е во рамки на министерството за правда, ќе продолжи да функционира како досега, со подобрено, забрзано темпо, во насока на спроведување на сите задачи кои се очекуваат во блиска иднина од самото министерство за правда, со цел реформирање на правосудниот систем во Република Македонија. Јас сум и понатаму претседател на Советот, формиравме работна група која ќе предложи точно решение за начинот на работа на Советот во иднина“, рече министерот Саљији.

 

Советот одлучил да формира и Комисија која треба да ги разгледа опциите во постојното законодавство за обнова на постапките каде што има индиции за сериозно кршење на човекови права.

 

Политичките процеси се 4 – 5, а има значајни кршења на човекови права и местенки кои не може да се дефинираат така баш политички, во таа, да речам условно драматична смисла, а се работи за да речеме за лажни заштитени сведоци. Во таа смисла монтировки. Не се голем број, но има десетина – петнаесет значајни, но ќе видиме, Комисијата тоа ќе го работи и тоа ќе го предложи, ќе го видите на крајот на краиштата може и бројот на тие случаи“, изјави Љубомир Фчковски, член на Советот за реформи во правосудството.

 

На следниот состанок ќе се расправа и за составот на групите кои ќе работат на законските измени. До крајот на месецот, Советот треба да ги дефинира правилата на работа. Како што појаснија членовите, ќе заседаваат почесто за што поскоро да бидат евидентни резултатите од нивната работа.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи