Почна постапката за замена на мерцедесот за болничка опрема

Владата на Република Македонија на синоќешната 43-седница усвои одлука со која автомобилот марка „Мерцедес“ во вредност од околу 600 илјади евра, кој беше во сопственост на Министерството за внатрешни работи, ќе биде ставено на продажба, а средствата ќе бидат наменети за набавка на болничка опрема.

 

„Овој Мерцедес денеска премина од сопственост од Министерството за внатрешни работи на Службата за заеднички и општи работи, по што следува постапка за негово отуѓување и негова замена за болничка опрема“, рече Миле Бошњаковски, портпарол во владата на Република Македонија.

 

Премиерот Зоран Заев на еден од митинзите во предизборната кампања рече дека дека ќе го „вратат“ мерцедесот на Никола Груевски и со тие пари ќе набават амбулантни возила за клиниките во Македонија.

 

Мерцедесот се спомнуваше и во т.н „бомби“ , а СЈО отвори и посебен случај наречен „Тенк“.Во овој случај осомничени се две лица кои се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување во периодот од февруари до октомври 2012 година, а за да ја исполнат желбата на тогашниот премиер Никола Груевски за набавка на специјално возило.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.