Мафијашко убиство во Чаир, убиецот во бегство

Facebook
Twitter
Email
Print

Непосредно пред 18 часот на улицата “Џон Кенеди”, во општина  Чаир, кај автобуската постојка пред средното училиште “Цветан Димов” имаше вооружен инцидент. Засега непознати лица со автоматско оружје, за кое МВР претпоставува дека е „АК-47“ пукале кон 24 годишно момче од Скопје кое излегувало од неговиот автомобил. Ранетиот итно бил пренесен во болница, но им подлегнал на повредите.

 

„Првичните сознанија се дека пукањето следело по  вербална расправија помеѓу сега починатиот и сторителот, по што сторителот посегнал по огнено оружје и го застрелал 24 годишното момче. Од здобиените повреди кај жртвата настапила смрт. Сторителот се дал во бегство. По наредба на јавен обвинител се подигаат траги од лице место кои ќе бидат предмет на обработка. Издадена е и наредба за обдукција на починатото лице. Основното јавно обвинителство Скопје работи на утврдување на фактите во кривично правниот настан за што јавноста ќе биде дополнително информирана – пишува во соопштението од ОЈО.

 

Убиениот и убиецот претходно имале вербална караница, но засега нема информации што е причина за караницата меѓу нив. По злосторството што го сторил убиецот побегнал, а неговиот автомобил марка Југо полицијата го пронашла напуштен во населбата Топана во Чаир.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи