Турците го одбележуваат Денот на настава на турски јазик

Facebook
Twitter
Email
Print

Турците во Македонија денеска го одбележуваат 21 Декември, Денот на настава на турски јазик.

 

Македонските Турци се трета народност и второ етничко малцинство по големина во Македонија. Единствената нивна религија е исламот, а Денот на наставата на турски јазик e народен празник на Турците во земјава.

 

Повеќе од 77.000 Турци во Македонија зборуваат турски јазик на посебен и единствен македонски акцент. Турците сочинуваат околу 12 отсто од населението во Македонија со исламска вероисповед. Во одредени македонски основни училишта во чија околина има мнозинство турци има часови на турски јазик, но според закон наставата се држи со македонски учебници.

 

По тој повод Министерството за образование и наука упати честитка до граѓаните од турска националност.

 

„Можноста за образование на мајчиниот јазик е суштинска општествена вредност која придонесува за развојот на културниот плурализам во една земја, каква што е Република Македонија, во која со векови наназад заедно живеат припадници на повеќе различни етнички заедници. Правото да говорат и творат на сопствениот, мајчин јазик е еден од механизмите за јакнење на националниот и културен идентитет, што пак овозможува негување на културните и верски традиции.

За припадниците на турската заедница денешниот ден е особено важен, бидејќи на 21 декември во далечната 1944 година, за прв пат, во Република Македонија започнала наставата на турски јазик. Традицијата продолжила да се негува низ годините, а по осамостојувањето на нашата земја станува и уставна одредба, чија имплементација е гарантирана од институциите на системот“, наведува МОН.

 

 

И претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов упати честитка до припадниците на турската заедница во Република Македонија по повод одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик – 21 декември.

 

„Еден од основните предуслови за зачувување и негување на својата традиција е можноста за образување и творење на мајчин јазик. Во Република Македонија живеат различни народи кои имаат свои јазични и културни обележја. Македонија е земја која знае да ги цени и вреднува истите. Одбележувањето на овој празник е симбол на почитта на Македонија кон турскиот народ, култура и идентитет. Живеејќи заедно, почитувајќи ги овие културни различности, сите ние придонесуваме за зајакнување на општеството и градење на подобар живот за сите“, истакнува Иванов во честитката.

 

Турците се полноправни граѓани во Македонија, имаат радио и телевизиски канал во кој програмата се емитува единствено на турски јазик. Исто така Македонската телевизија емитува секој ден неколку часови со програма на турски јазик.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи