Илон Маск ќе лансира нова ракета – „Фалкон Хеви“

Извршниот директор на „Спејс екс“, Илон Маск, на „Твитер“ сподели фотографии од новата ракета „Фалкон Хеви“. Ракетата претрпе неколку одложувања, но се чини дека е подготвена за лансирање наредниот месец, ако сè оди според планот.
Тековните планови се „Фалкон Хеви“ да биде лансирана од Кејп Канаверал во Флорида во јануари 2018 година.
Маск даде доста чудни ветувања во врска со ракетата. Во текот на овој месец Маск изјави дека ќе го испрати „Тесла Роудстер“ како носивост – додека свири „Space Oddity“ од Дејвид Боуви, испраќајќи ја целата ракета на Марс.

 

Додека сликите изгледаат импресивно, Маск продолжува да ја предупредува јавноста да нема многу високи очекувања.
„Постои добра шанса да не стигне ни до орбитата. Се надевам дека ќе оди доволно далеку и нема да предизвика оштетување на платформата. Тоа би го сметал за победа“, изјави Маск, истакнувајќи дека развојот на една ваква моќна ракета со голем обем бил многу потежок отколку што првично планирала компанијата.

„Фалкон Хеви“ бара истовремено палење на 27 орбитални мотори. Постојат многу работи што би можеле да тргнат наопаку“, вели тој.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien