Пратеникот и лидер на Сојузот на Ромите во Македонија, Амди Бајрам, кој досега беше во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ изрази желба да се придружи на парламентарната група на ДУИ.
Но тоа најверојатно нема да се случи затоа што од ДУИ посочуваат дека Амди Бајрам може да делува како независен пратеник без да е дел од никоја пратеничка група и како ќе настапува во Собранието, односно како ќе гласа ќе биде негова апсолутна слобода.
„Досега немаме такви информации. Амди Бајрам не може да биде дел од парламентарната група на ДУИ. Тој може да дејствува како независен пратеник, но не и како наш пратеник.“, велат од ДУИ.
Во минатото Амди Бајрам неколку пати го менуваше својот став во зависност од партијата која е на власт.