Во северната кинеска покраина Хебеј, се наоѓа најдолгиот стаклен мост на светот. Мостот е со должина од 488 метри и ширина 6 метри, а висок е 430 метри.
Овој несекојдневен мост, ќе ги поврзува Пингшан и едно мало туристичко место. За изградбата на мостот биле искористени 1.077 стаклени панели, од кои секој бил со дебелина од четири сантиметри. Мостот е тежок 70 тони.
Мостот го доби името „Небесен“, а неговиот капацитет изнесува 8.000 посетители дневно, но вкупната побарувачка била 10 пати поголема.
Во истовреме на мостот дозволено е да бидат присутни само 500 луѓе.