„Да бидеме хумани со дела“. Под ова мото учениците од „СОУ Ѓорче Петров“, по повод новогодишните празници, во изминативе два дена, организираа хуманитарна акција за децата со посебни потреби од Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Прилеп и дневниот центар „Ѕуница“. Тие за дечињата обезбедија разни подароци од компаниите „Прилепска пивара„, „Комфи Ангел“, слаткарница „Дизниленд„ и „Футура“.
„Хуманоста најмногу се покажува со дела, а не со зборови и затоа со мотото „Да бидеме хумани со дела“ учениците сакаа да започнат да го менуваат светот. Потребна е мала доза да го направиш некого среќен да им дадеш поткрепа за да продолжат да се борат во битката со суровото опкружување. Нашите пораки беа исполнети со надеж дека на децата ќе им се исполнат нивните желби и соништа да бидат повеќе прифатени од општеството, а на нивните родители поголема храброст, борбеност и сила, затоа што тие се оние на кои им останува да се изборат за нивните деца да го добијат најдоброто што можат. Треба прво да почниме да се менуваме себеси, да бидеме промената која што сакаме да ја видиме во светот“, велат од СОУ Ѓорче Петров.