АНАЛИЗА: Ревизори влегоа во Државниот архив

Како работел Државниот архив, исплата на надоместоци, систематизација на вработени, попис на книги, приходи и трошења заклчуно со 31 декември лани – бројни прашања поврзани со работата на оваа државна инститција се опфатени со новиот ревизорски Извештај со кој се опфатени две сметки од Основниот Буџет на Државниот архивпишува неделната економска анализа на Portalb.mkВо извештајот се наведува дека е опфатен период во кој како директор бил Филип Петровски, односно според ревизорот, финансиските извештаи се одговорност на раководството на Државниот архив застапувано од Петровски од 20.10.2015 година. Ревизорот известува дека од страна на одговорното лице не се добиени забелешки во однос на Нацрт извештајот. 

 

Долг период – нема попис на книжевниот фонд …

 

Поголеми недоследности биле регистрирани  при пописот, особено во делот на книгите со кои располага Државниот архив. Така,  според наодите на државната ревизија,  книги во вредност од скоро 32 000 биле “отпишани“ со образложение дека се уништени од елементарни непогоди.

 

„Со извршениот попис на книгите во магацинот за 2014 година, извршен е отпис на книги во вредност од 1 949 000 денари ( 32 000 евра) од причина што книжевниот фонд бил оштетен и уништен од елементарни непогоди, без притоа да се донесе акт од страна на директорот за постапување со отпишаниот книжевен фонд,“нотира ревизорот.

 

Во исто време, подолг период не е направен и попис на книгите во библиотеката.

 

„Државниот архив извршил попис на книгите во библиотеката заклчно со состојбата на ден 31.12.2011 година. Ваквата состојба не е во согласност со член 29 од Правилникот за сметководство за буџети и буџетски корисници, согласно кој буџетските корисници кои вршат книжарска или библиотечна дејност можат да вршат попис во рок кој не е подолг од пет години,“се вели во ревизорскиот извештај.      

 

Како се плаќале надоместоци и се користеле возила …

 

Позначајни недоследности државниот ревизор констатира во делот на организација, односно систематизација на вработените. Имено со задоцнување од една година и девет месеци, донесен е Правилник со кој е извршено усогласување на актот за систематизација на работните места со законските прописи.

 

„Актите за организација и систематизација на работните места не се донесени во законски утврдениот рок. Во актот за систематизација на работните места, во дел од организационите единици не се предвидени сите нивоа на работни места на административните службеници“  – наведува ревизорот и дополнително забележува дека и  со правилникот, во дел од организационите единици не се предвидени сите нивоа на работни места на администратвните службеници.

 

„Ваквата состојба влијае на постапката за унапредувањето на административните службеници која има за цел да им овозможи нивно кариерно напредување, што не е во согласност со член 48 од Законот за административни службеници“ – констатира државната ревизија.

 

Проблематична, според ревизорот е исплатата на надоместоци за работа подолга од редовното работно време. Имено, повикувајќи се на законски одредби, ревизијата потсетува дека во ваков случај вработениот треба да добие слободни часови, односно денови,  колку што бил ангажиран дополнително. Доколку не се исполни ова, тогаш треба да се исплати додаток на плата во висина од 35% од износот на основната плата, пресметана по час.

 

„При исплата на надоместокот за работа подолга од полното работно време не се обезбедени документи со кои ќе се потврди дека  административните службеници биле ангажирани за работа надвор од редовното работно време, ниту е доставено известување до подрачниот државен инспектор на трудот за прекувремена работа на вработените со статус на помошно-технички персонално“ – се нотира во ревизиорскиот извештај и се додава:

 

„Не било овозможено одработените часови на прекувремена работа да бидат заменети со слободни денови кои вработените требало да ги искористат до крајот на наредниот месец, бидејќи истите се исплаќани со платата за месецот во кој се изработени. Исто така додатокот за работа подолго од работното време не е пресметан согласно член 92 став 7 од Законот за административни службеници, односно за прекувремена работа исплатен е додаток за секој поминат час и истиот не е зголемен за 35% од износот на основната плата, пресметан по час“.

 

Ревизорот констатира дека се исплаќани надместоци за вработени на висока позиција кои не биле во согласност со одредби од законската регулатива.

 

„Пресметани  и исплатени се надоместоци на трошоците за превоз на заменик директорот и вработените лица во подрачните одделенија, кои не се превидени во одредбите на законската регулатива од областа,“ посочува ревизиорот и обелоденува:

 

„Во текот на 2016 година директорот на Државниот ревизор донел одлука за користење на сопствено возило за службени цели на заменик директорот за превоз до и од работното место, што не е во согласност со одредби од закоснката регулатива“.

Нова зграда без имотен лист …

 

Со увидот во финансиски извештаи на Државниот архив, ревизорот обелоденува дека оваа институција располага со градежни објекти во вредност од 2,1 милион евра. Со одлука на Владата во 2015 година, Државниот архив добил на трајно користење нов објект во кој е сместен централниот дел на институцијата. До денот на ревизијата Државниот архив не преземал активности за упишување на правото на сопственост на зградата.

 

 „Државниот архив не раполага со имотен лист за објектот во кој е сместено седиштето, како доказ за сопственоста. Не е извршено сметководствено евидентирање на градежните објекти во кои се сместени подрачните одделенија во Тетово и во Струмица, за кои Државниот архив располага со имотни листови,“се наведува во ревизорскиот извештај.

 

На нацрт ревизорскиот извештај, одговорното лице на Државниот архив не доставило одговор. Ревизијата, освен забелешки упатува и препораки, главно за усогласување со законската регулатива но и почитување и спроведување на постоечката .

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien