Само во Македонија: Се бара историчар за советник на министерот за здравство?!

Пред изборот на нов министерот за здравство, пуштен е оглас за државен советник за здравствен менаџмент и здравствена политика. Условот е да има со завршени историски, економски или правни науки.

 

Имено, во огласот кој истекува денес, во условите за вработување помеѓу другото се наведува дека кандидатот треба да има најмалку 240 кредити стеканти според ЕКТС или завршен VII/1 степен на образование по историски, економски или правни науки.

 

Освен што невообичаено е вметнат условот за завршени историски науки, дополнително се бара најмалку 6 години работно искуство во струката, од кои најмалку 2 години на раководна позиција во јавниот сектор и 10 години искуство во приватниот сектор од кои најмалку 3 години на раководно место во приватниот сектор.

 

Нето платата за оваа позиција е 36,855 денари, а огласот бил објавен на 11 декември.

 

Дали станува збор за очигледно партиско вработување проценете сами…

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.