Љубомир Јовевски избран за нов јавен обвинител

Македонија доби нов државен јавен обвинител. По денешните два неуспешни обида, од трет пат, со 61 глас за, еден воздржан и ниту еден против, без присуство на опозицијата, Љубомир Јовески беше избран на врвната обвинителска позиција во земјата.

 

„Констатирам дека Љубомир Јовески е избран за јавен обвинител на РМ“, рече Талат Џафери, претседател на Собранието.

 

Наследникот на Марко Зврлевски уверува дека ќе успее онаму каде што неговиот претходникот потфрлил – Обвинителството да биде независна институција.

 

„Ја уверувам јавноста дека Обвинителството ќе се дистанцира од извршната власт, и од другите центри на моќ, и ќе биде самостоен државен орган во гонење на криминалот. Ќе ги поттикнам обвинителите, одлуките да ги носат само врз озснова на докази и факти, и утврдувањето на вистината да им биде приоритетна цел“, изјави Јавниот обвинител Љубомир Јовески.

 

Шеесет и тригодишниот Јовески има речиси 40-годишно искуство во правосудството, од кои 15 години работел како судија, а 12 години ги минал во Обвинителството. Пред да биде избран за државен Јавен обвинител, Јовески беше член на Советот на јавни обвинители.

 

Во биографијата на Јовески е запишано дека бил судија, претседател на скопска двојка, заменик обвинител, а за прв човек во Основното јавно обвинителство доаѓа од позицијата член на Советот на обвинители.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien