Одложен изборот за јавен обвинител, немаше кворум

Facebook
Twitter
Email
Print

Немањето кворум на пратеници го одложи изборот на новиот јавен обвинител.

 

Во Собранието на двапати се гласаше по оваа точка, но поради недоволен број пратеници, спикерот на Парламентот даде пауза. При првото гласање, „за“ беа 59 пратеници, а еден беше „воздржан“, додека во повторниот обид имаше 60 гласа „за“. Шеесетте гласови сепак не беа доволни, бидејќи потребни се 61 глас, односно просто мнозинство за избор на новиот Јавен обвинител, Љубомир Јовевски.

 

Опозицијата и денес бојкотира и ниту еден пратеник од ВМРО ДПМНЕ не се појави на денешната собраниска седница. Во Собранието денес не присуствуваат ниту пратениците на Алијансата за Албанците, Зијадин Села и Сурја Рушити.

 

Во продолжението на 27-та собраниска сесија ќе се разгледува предлогот на претседателот Ѓорге Иванов за избор на Дарко Костадиновски и Осман Кадриу за судии на Уставниот суд на Република Македонија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи