Сугарески: Ќе се потпишуваат два анекса за автопатот Кичево-Охрид

Facebook
Twitter
Email
Print

Министерот за транспорт и врски најави дека на киинеската компанија Синохидро ќе ѝ предложат два анекси на договорот за автопатот Кичево-Охрид и тоа за продолжување на рокот за градба за уште околу три години, а вториот за дополнителната сума за доизградба.

 

„За дополнителната сума се уште се прегвара и затоа најверојатно ќе се оди со два анекса на договор. Првиот ќе биде само со продолжување на рокот и најверојатно ќе се потпише до 31 јануари следната година кога истекува рокот за изградба на автопатот, а потоа ќе следи анексот за дополнителната сума“, рече Сугарески.

 

Тој на денешната прес-конференција во Агенцијата за катастар демантираше дека државата им должи пари на компаниите кои работат на автопатот и рече дека е можно  фирмите да им должат на работниците, но не и државата на фирмите.

 

Што се однесува до изградбата на патиштата кон Албанија и кон Блаце, изјави дека сѐ додека не се оцени дека е во ред проектната документација нема да се кажуваат рокови.

 

„Без добра проектна документација само ќе потпишуваме анекси на договори за изградба на патиштата. Затоа не сакам да конкретизирам датум кога ќе почне изгрдбата на овој пат и на патот кон Блаце“, потенцира Сугарески.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи