Презентација на јавниот повик – „Предизвик за млади истражувачи“

Фондот за иновации и технолошки развој заедно со Министерството за образование и наука утре во големата сала на Општина Прилеп со почеток во 12 часот ќе одржат инфо – сесија на која ќе биде презентиран јавниот повик насловен како „Предизвик за млади истражувачи“.

 

„Повикот се однесува на сите основни училишта и стручни средни школи на територија на Република Македонија кои имаат креативни ученици со желба да истражуваат и освојуваат награди. Истражувачките проекти треба да бидат од областите на природните и техничките науки“, истакнуваат од Фондот за иновации и технолошки развој .

 

Од Фондот на средбата ги покануваат да бидат присутни сите основни и средни училишта. На настанот ќе присуствуваат и градоначалници и претставниици од повеќето околни општини.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien