ВМРО-ДПМНЕ : Заев и Јованоски да објаснат каде се ветените проекти за Прилеп и зошто се испуштаат работници од јавните претпријатија

Денеска премиерот Зоран Заев во друштво на министерот за Земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски е во посета на општина Прилеп, градот за кој ветуваа „брда и долини” и градот кој до сега најмалку 100 пати го излагаа. Истакнаа во денешното соопштение од О.К.на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Соопштението го пренесуваме во целост.

 

„Наместо да парадираат и да се фотографираат Заев, Николовски и новиот градоначалник Илија Јованоски, треба да им објаснат на прилепчани каде се ветените повисоки субвенции за тутун, кои сега откако се на власт ги заборавија.

 

Дали Јованоски го информираше премиерот за причините поради кои голем број на луѓе се испуштени од работа во јавните претпријатија во Прилеп, и покрај тоа што ветуваше дека ниту едно лице нема да остане без работа?

 

Зоран Заев треба да им објасне на прилепчани што стана со ветените проекти за спортистите и спортските работници, особено сега кога двата најголеми спортски клубови во градот, РК “Прилеп” и Фудбалскиот клуб “Победа” се соочуваат со згаснување или со сериозни финансиски проблеми.

 

Каде се ветените проекти за спортски фонд, за пензиско и здравствено осигурување на спортистите и спортските работници?

 

Заев и Јованоски треба да ги посетат и работниците во Еурокомпозит, да се соочат очи во очи и да се уверат како е да се дочекуваат новогодишни и Божиќни празници без денар во џебот.

 

Се надеваме дека ќе ги посетат барем пензионерите и ќе им објаснат зошто на нивните сметки се слеваат помали пензии и го нема редовното покачување на месечните примања кое со години наназад го добиваа од Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Прилепчани заслужуваат да знаат и зошто е запрена изградбата на гасоводост Неготино-Прилеп-Битола?

 

Прилепчани заслужуваат одговор и за ниската цена на пиперките, зголемувањето на трошоците за живот и ненормалното задолжување на државата“, велат од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи