Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов денеска на пладне ќе го одржи традиционалното годишно обраќање во Собранието на Македонија.
Редовното годишно обраќање на претседателот пред законодавниот дом е предвидено согласно Уставот на државата.
Веднаш потоа се закажани продолженија на неколку седници. За денеска исто така се закажани и седници на Законодавно правната комисија и на Комисијата за надворешна политика.