Критична Маса 43 – Новогодишна/Вртиме #НаТочак за промени

Вечерва во Прилеп се одржа 43. Новогодишна Критична маса, со мото „Вртиме #НаТочак за промени“. Како што велат од ПрилепНаТочак, иако имаме многу неостварени желби од минатите години, тоа не значи дека сме престанале да веруваме во нив. Нашите желби не се чуда. Всушност сме многу скромни. Во 2018 година сѐ уште бараме велосипедски патеки. Но бараме и слободни тротоари, уреден и добро организиран јавен превоз, бараме и безбедни улици. Бараме град за нас, луѓето.

 

Нашите желби се за еден поубав град. За град во кој треба да има место за сите. И за пешаците и за нас точакољупците и за јавниот превоз и за автомобилите. Посакуваме град кој поубаво ќе ни стои. Град во кој поубаво ќе се дише. Посакуваме поубав град за сите…

 

за оние за оние кои ја одбираат бојата на шалот да им одговара на точакот
за оние што носат жолт чадор на тмурен и дождлив есенски ден
за оние кои во автобус читаат книга
за градските херои, кои и да се тие
за новите градоначалници кои заинтересирано нѐ поканија на состаноци
за оние кои сѐ уште нѐ игнорираат
за полицајците кои паркираат на велосипедска патека додека го регулираат сообраќајот на крстосниците
за оние кои сакаат градот да се промени без да се променат себеси
за оние “многу убаво си паркиран“
за оние кои низ личен пример го менуваат…

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи