Втор едноподгруго пораз на Кливленд, Рондо со рекордни 25 асистенции во Њу Орлеанс

По поразот од Голден Стејт, вицепрвакот Кливленд падна и на гостувањето кај Сакраменто со 109-95.
Ветеранот Винс Картер уште еднаш потврди дека годините не се пречка за врвна форма. Во својата 40-ка ги предводеше Кингс до 12-тата сезонска победа како најефикасен со 24 поени. На Кливленд од помош не му беа ниту Кевин Лав со 23 поени, ниту седмиот трипл-дабл сезонава на Леброн Џејмс од 16 поени, 14 асистенции и 10 скока.
Њу Орлеанс го победи Бруклин 128-113, а за издвојување е маестралниот Рондо, кој беше незадржлив во делењето асистенции. Бекот на Пеликанс за 30 минути на паркетот постави клупски рекорд од неверојатни 25 асистенции на еден натпревар. Интересно, целиот тим на Бруклин заврши со 26 успешни додавања. Ентони Дејвис постигна 33 поени, Демаркус Казнс реализираше 27.
Резултати:
Шарлот – Бостон 91:102
Индијана – Далас 94:98
Атланта – Вашингтон 113:99
Чикаго – Њујорк 92:87
Минесота – Денвер 128:125 (п)
Њу Орлеанс – Бруклин 128:113
Оклахома – Торонто 124:107
Сакраменто – Кливленд 109:95
Голден стејт – Јута 126:101
ЛА Лејкерс – Мемфис 99:109

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи