Кривични пријави против функционери од Агенцијата за филм

Facebook
Twitter
Email
Print

Се засилува борбата против таканаречената филмска мафија која преку Филмскиот фонд или подоцна Агенцијата за филм распределувала големи парични средства на проекти со сомнителни одлуки и злоупотреби на службената положба.

 

Финансиската полиција поднесе нови кривични пријави против поранешните директори на Агенцијата за филм како и против претседателот на Управниот одбор на Агенцијата за филм за злоупотреба на службената положба.

 

Според кривичната пријава, двајцата поранешни директори спротивно на законот му овозможиле на претседателот на УО истовремено да учествува како филмски работник, директор на фотографија и кинематографер, во реализација на десет филмски проекти финансирани од Агенцијата за филм, а кои претходно ги одобрил самиот тој. Со тоа тој прибавил корист за себе од над 100.000 евра преку неколку продуцентски куќи.

 

„На претседателот на УО му е овозможено да прибави корист за себе во вкупен износ од 6.580.885 денари, и тоа преку продуцентските куќи: ТД Смалл Мовес ДООЕЛ Скопје, ТД Круг Филм ДООЕЛ Скопје, ТД Партизанс ДООЕЛ Скопје, ТД Сектор Филм ДООЕЛ Скопје и ТД Фрагмент Филм ДООЕЛ Скопје“, соопшти Управата за финансиска полиција.

 

Таа посочува дека во член 32 став 1 од Законот за филмска дејност е предвидено директорот на Агенцијата, член на Советот, рецензентите, советниците и другите надворешни соработници, претседател и членовите на Управен одбор и вработен во Агенцијата, поради судир на интереси да не може да учествуваат на конкурс на Агенцијата, ниту да учествуваат во реализацијата на проект кој добил средства од Агенцијата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи