Предновогодишни средби на градоначалникот Јованоски со првачињата, децата со посебни потреби од „Ѕуница“ и граѓански здруженија

Градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски денеска присуствуваше на приредбата организирана за првачињата од нашиот град, по повод новогодишните празници, која што се одржа во центарот за култура „Марко Цепенков“.

 

Дечињата приредија пригодна празнична програма, а Дедо Мраз им подели новогодишни пакетчиња кои ги обезбеди локалната самоуправа.

Градоначалникот Јованоски на дечињата, нивните родители и вработените во училиштата им ги честиташе претстојните празници и им посака многу здравје, успех и радост. А, на најмладите им порача во своето слободно време повеќе да спортуваат и да читаат книги, а помалку да ги користат своите компјутери и мобилни телефони.

 

Јованоски упати и покана до сите граѓани да присуствуваат и заеднички да ја прослават и пречекаат Новата година на 31 декември на плоштадот „Методија Андонов Ченто“.

 

 

Исто така по повод новогодишните празници градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски денеска го посети дневниот центар за деца со посебни потреби „Ѕуница“. На вработените и дечињата им ги честиташе празниците и им посака многу љубов, здравје и успех во следната година.

 

Општина Прилеп на дечињата од „Ѕуница“ им обезбеди новогодишни пакетчиња.

 

Јованоски се запозна со условите за работа во центарот, а со стручните лица разговараше и за законските можности за отворање на вакви центри за деца со посебни потреби кои имаат над 26 години.

 

Центарот што постои 16 години, во моментов го посетуваат 17 дечиња на возраст до 26 години.

 

По повод претстојните новогодишни празници, градоначалникот Јованоски денеска разговараше и со претставници на здружението на телесни инвалиди „Мобилност“, здружението на слепи лица, здружението на глуви и наглуви и здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа.

 

Јованоски, заедно со директорот на Центарот за социјална работа од Прилеп Живко Силјаноски, се запознаа со работата на здруженија и им ги честитаа претстојните празници.

 

На децата пак од членовите на овие здруженија Општина Прилеп им подари новогодишни пакетчиња.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи