ВИДЕО : Успешна 2017 година за „Комфи Ангел“ со 15% органски раст

Компанијата Комфи Ангел од Прилеп оваа година ја завршиле со имале 15% органски раст и со оглед на тоа што се извозно ориентирана компанија не зависеле од политичките случувања во државава и промените кои настанаа. Ова го изјавии косопственикот во фирмата Ирена Јакимоска. Таа потенцираше дека биле задоволни од резултатот кој го постинале и профитот кој ќе го оствареле од тоа.

 

 

„Она на што го ставивме главниот фокус оваа година беше инвестициониот план во однос на техничко-технолошкиот развој се со цел да имаме поголема конкурентна вредност на европските пазари и секако главниот фокус понатаму ќе ни остане човековите ресурси и надоградба на нивниот животен стандард. Исто така внимаваме и да не ги изгубиме нашите конкуретски способности во Eвропа и од тие причини давам порака до јавните институции дека и во однос на даночната политика треба да се биде внимателен се со цел да не ги изгубиме нашите конкуретски способности. Она што е ново оваа година што го направивме преку советот на странски инвестиции се „би ту би“ средбите помеѓу домашниот и странскиот капитал каде што вршиме запознавање на двата капитали за да се надмине нивната разлика и домашните предузимачи да започнат да ги опслужуваат странските компании, поготово оние кои што се наоѓаат во бесцаринските зони и на таков начин индиректно ќе влијаат за зголемување на извозот и бројот на вработени“, истакна Јакимоска.

 

„Комфи Ангел“ извезува во Англија, Германија, Франција, Италија, Чешка, Украина и скоро цела Европа. Во 2018 година освен на европските пазари ќе биделе фокусирани и на пазарите од Западен Балкан.

 

„Она што сакам да го потенцирам е нашето позитивно искуство во Македонија оваа година, завршивме со вкупен обрт од 700.000 евра без маркетингшки пристап и трошок, што ни укажа повторно дека не смееме да се девалвираме ни како пазар.,ни како држава, ниту како народ“, додава Јакимоска.

 

Според неа најавените економски мерки на Владата за прв пат го изедначувале фокусот како на странските така и за прв пат и на домашните инвестиции и не се правело разлика помеѓу капиталот. Очекува овие мерки во иднина да вродат со плод и да донесат економски раст, но како што нагласува се ќе зависи од нас самите и како ќе се имплементираат овие мерки.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи