Директорот на затворот Идризово поднел оставка

Директорот на затворот „Идризово“ , Керим Мамути, поднесува оставка од функцијата. Ваков чекор следува по одлуката на Алијансата за Албанците да ја напушти владината коалиција. Мамути ја потпишал платата на вработените во „Идризово“, за да не останат вработените за Нова Година без приходи, па си поднел оставка.

 

Претходно, своите оставки ги депонираа и заменик-министрите за надворешни работи, за транспорт и врски и за труд и социјална политика, Арта Точи, Ремзи Мемеди и Елми Азири, како и државниот секретар во Министерството за правда, Зулфи Адили.

 

Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, најави дека нивната партија ќе дејствува како опозиција, откако не успеаја со премиерот Зоран Заев да се испазарат за министерските места. По изборот на Арбен Таравари за градоначалник на Гостивар, за нов министер за здравство беше назначен Венко Филипче, а на Алијансата ѝ беше понудено вицепремиерско место што за партијата не беше прифатливо.

 

До изборот на нов директор на најголемиот затвор во Македонија, со него ќе раководи заменик директорот.  Во јануари ќе бидат назначени нови директори, не само на затворот „Идризово“, туку и за истражниот затвор „Скопје“ во Шутка.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи