Извршителите нема да блокираат сметки на приматели на социјална помош

Владата предводена од СДСМ неодамна реализира уште едно ветување дадено пред граѓаните, кое се однесува на ранливите категории граѓани и кое обезбедува заштита на лицата што се во социјален ризик.

 

Министерството за труд и социјална политика и Комората на извршителите на Република Македонија потпишаа меморандум со кој извршителите се обврзуваат да не ги блокираат сметките на лицата што се приматели на социјална помош, ги заштитува правата на лицата што се во социјален ризик со тоа што се спречува блокирање на нивните сметки.

 

„Со потпишувањето на меморандумот Владата ја изразува подготвеноста за соработка на полето на спроведување на социјалната политика и на Законот за извршувањето. Соработката ќе се темели во согласност со прописите за заштита на личните податоци и во согласност со начелата и постапките предвидени во меморандумот за соработка“ се наведува во соопштението.

 

Владата најави продолжување на работата со одговорно и посветено спроведување на реформите кои обезбедуваат квалитетен живот за сите и истовремено ја промовираат и унапредуваат социјалната правда и ги заштитуваат лицата приматели на социјална помош.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien