Писмо од Папата до премиерот Заев по повод Светскиот ден на мирот

Facebook
Twitter
Email
Print

Папата Франциско, по повод Светскиот ден на мирот, празник востановен од страна на Католичката црква во 1967 година, испрати писмо до премиерот Заев, кое се однесува на декларациите за миграцијата и за статусот на бегалците.

 

Ватикан се надева дека хуманитраната криза годинава ќе се решава врз основа на две декларации, првата за мигранти, втората за бегалци. Во пораката се додава дека со овие спогодби се обезбедува рамка за водење политика и практични мерки за миграцијата и за бегалците.

 

Во одговорот до Неговата Светост, папата Франциско, премиерот Заев истакнува дека Македонија ја прифаќа неговата загриженост, и се придружува кон заложбите дека оваа глобална хуманитарна криза во 2018 година ќе се решава врз основа на Декларацијата за бегалци и мигранти на Обединетите Нации, и дека лидерите на светската организација ќе ја завршат подготовката, и ќе ги одобрат двете глобални спогодби.

 

„Искрено ја прифаќаме Вашата загриженост и се придружуваме кон Вашите заложби дека оваа глобална хуманитарна криза во 2018 година ќе се решава врз основа на декларацијата за бегалци и мигранти на Обединетите нации и дека лидерите на светската организација ќе ја завршат подготовката и ќе ги одобрат двете глобални спогодби. Едната за безбедна, уредна и редовна миграција, а другата за бегалци. Ја делиме и Вашата надеж, изразена во пораката, дека со овие спогодби ќе се обезбеди рамка за предлози за политики и практични мерки како инспирација за унапредување на процесот на градење на мирот и дека меѓународната заедница ќе најде начин да побара од земјите членки да ги гарантираат правата на бегалците и мигрантите“, се вели во одговорот на писмото со порака по повод 1 Јануари, Светскиот ден на мирот, на папата Франциско.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи