Мото клубот „Sons of Thunders MC“ од Прилеп го направи своето традиционално моторџиско новогодишно дружење на плоштадот „Александрија“ со топли напитоци одлична забава.
„Ова дружење го правиме веќе со години наназад, веднаш по Нова година, се собираме сите членови на мото клубот на плоштадот „Александрија“. По дружбата на плоштадот имаме уште една традиција, одиме на манастирот „Св. Архангел Михаил“ во населбата Варош, каде палиме свеќа за здравје и бериќет во новата година. Ние не затвораме и отвараме сезони, ние се дружиме со нетрпение до подобри сончеви денови“, истакна Симеон Стојчески, претседател „Sons of Thunders MC“, кој истакна дека во иднина планираат организирање и на други интересни евенти за кои ќе ја известат јавноста.