Водата за пиење од јавните чешми во с. Плетвар и крајпатната чешма кај „Че“ не е безбедна за пиење

Врз основа на направеното тестирање на водата за пиење од мерното место Плетвар крајпатната чешма кај ресторанот „Че“, од Центарот за јавно здравје ги информираат граѓаните дека водата од оваа чешма не е здравствено исправна и не смее да се користи за пиење.

 

Исто така, од прилепскиот Центар за јавно здравје информираат дека неисправна за пиење е и водата од јавната чешма во с.Плетвар.

 

Медицинските стручњаци препорачуваат водата да не се користи за пиење, без претходно вриење од 10 минути.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи