На покана на Кабинетот на Претседателот на Владата на Република Македонија, делегација на Дипломатскиот Клуб денеска оствари средба со премиерот Зоран Заев.
На средбата со искусните активни и поранешни дипломати, Претседателот на Владата Зоран Заев, информираше за актуелни прашања во однос на надворешната политика на земјата, насочени кон остварување на стратешките интереси на Република Македонија во однос на Европската Унија, членството во НАТО, соседската политика, како и во однос на релациите со САД и другите земји од глобалната политичка сцена.
„Во период кога Република Македонија треба да донесе важни одлуки што се однесуваат на стратешките интереси секоја добра идеја и искуство се добредојдени“, истакна премиерот Зоран Заев на средбата што ја оствари со делегација на Дипломатскиот Клуб.
Во разговор со активните и поранешните дипломати, Заев информираше за актуелни прашања во однос на надворешната политика на земјата, насочени кон остварување на стратешките интереси на Република Македонија во однос на Европската Унија, членството во НАТО, соседската политика, како и во однос на релациите со САД и другите земји од глобалната политичка сцена.
Претставниците на Дипломатскиот Клуб се заблагодарија за можноста да бидат информирани непосредно за активностите на владата во однос на ова прашање, како и за укажаната прилика да ги изнесат своите погледи, со оглед на фактот што искусните дипломати од ова неформално тело беа игнорирани од претходниот владин состав.
Премиерот Заев нагласи дека во период кога Република Македонија треба да донесе важни одлуки за овие наши стратешки интереси, секоја добра идеја и искуство што можат да помогнат се добредојдени.