На сите ни е познато дека Русите важат за луѓе кои пијат најмногу алкохол. Но дали сте се запрашале каква е состојбата во останатите земји ширум светот?
Според една студија направена од Светската здравствена организација, најмногу алкохолни пијалаци се консумираат во Белорусија. Според податоците, еден жител пие 17 литри алкохол годишно.
Што се однесува до земјите на Балканот, најмногу алкохол, 12,5 литри годишно, пијат Србите, а веднаш после нив се Хрватите.
Најмалку алкохол пијат Турците, кои пијат два и пол литри годишно.