Од Општина Прилеп информираат дека воспоставувањето соработка меѓу Општина Прилеп и владини институции на Република Унгарија, како и имплементација на проекти од областа на екологијата и заштита на животната средина, биле тема на денешната средба на градоначалникот Илија Јованоски со почесниот конзул на Република Македонија во Република Унгарија, Сашо Јанакиевски.
„Градоначалникот Илија Јованоски при тоа го запозна Јанакиевски со главните проекти што Општината ќе ги реализира во 2018 година, а коишто за граѓаните на Прилеп се од приоритетно значење“, велат од Општина Прилеп.