ВИДЕО : И годинава 500 деца ќе се дружат на 12-тиот Божиќен ручек на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот

И оваа година по 12-ти пат, традиционално, во организација на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот, во хотелот „Кристал Палас“ во Прилеп, со почеток во 12:00 часот, 500 деца ќе се дружат на свечен Божиќен Ручек и ќе го слават Христовото раѓање. По 9-ти пат на оваа прослава Детската Амбасада за Сите Деца во Светот ќе го додели ии престижното признание за општествена одговорност ОРДЕН ЗА НОСИТЕЛ НА МИРОТ. Оваа година ова меѓународно признание ќе го добие УНИЦЕФ МАКЕДОНИЈА.

 

 

„500 деца од целата територија на Република Македонија на заедничка трпеза ќе го прослават Божиќ, денот на Христовото раѓање и на таа заедничка трпеза ќе седнат: деца без родители, деца на загинати припадници на безбедносните сили, деца со посебни потреби, како и истакнати деца – членови на Детската Амбасада. Децата се од Прилеп, од Скопје, Ресен, Крушево, Демир Капија, Струмица и од другите градови ширум државава. Исто така, како во нашите програмски задачи и Конвенцијата за правата на децата за еднаквоста на децата, а во интерес на нашето мото „Едно небо за сите деца“ на оваа Божиќна трпеза имаме покането и деца од другите верски заедници, од исламската, католичката, еврејската и евангелско-методистичката, кои заедно ќе се дружат и ќе празнуваат“, истакна Александра Северкоска Стојаноски, извршен директор на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот.

 

Северкоска потенцираше дека на сите деца ќе им се доделат пакетчина за слатки сеќавања на Божиќниот Ручек, кои го обезбедила Општина Прилеп.

 

„Божиќниот Ручек ќе го благослови Неговото Високо Преоствештенство, Митрополитот Преспанско-Пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски, Господин Петар. За збогатување на свеченоста ќе се погрижат членовите на Академијата за Естрадно пеење „Ѕвездички“ од Прилеп, a како и секој Божиќ, за уште повесела забава на овој Божиќен Ручек, ќе настапи македонскиот идол Христијан Тодороски. И оваа година, покрај добитникот на Орденот за носител на мирот, ќе има и доделување на ПЛАКЕТА ЗА ПРИЈАТЕЛ НА ДЕЦАТА, за кои Детската Амбасада за Сите Деца во Светот одлучи да ги додели на најзаслужните, а тоа се: А.Д. „Охридска банка“ од Скопје, КДС „Кабелнет“ од Прилеп“, додаде Александра Северкоска Стојаноски, извршен директор на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот.

 

Досега на Божиќниот ручек учестувале над 5.000 деца.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи