Градоначалникот Илија Јованоски не си верува повеќе ни самиот себе си! Не знаеме на кој Илија да му веруваме, на тој од митингот во Прилеп односно „добриот“ Илија или на тој од 1.1.2018 што остави 300 семејства без егзистенција! Запрашаа денеска во соопштение од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, кое дојде по денешната изјава на градоначалникот Јованоски дека тој никого не испуштил од работа туку дека на вработените во администрацијата им престанал договорот на 31.12.2017 година.
Соопштението го пренесуваме во целост.
„Најдобро да го прегледа видеото од митингот и да одлучи која улога ќе ја игра. Благодарение на него во општината е запрен процесот на легализација! Благодарение на лагите негови запрен е наставниот процес во градинките. Благодарение на лицемерието и непознавањето на законите 130 наставници ги остави дома!
Решение во образование последните 13 години земаа сите што имале минимум 2 год стаж. Сега тој и тие ги избрка.
Ако ги потполнувал местата на неопределено, зошто со договор ги вработи „професионалците“ Моника Талеска, Зоран Милошоски, Гоце Туманоски и шофер со договор на дело.
Другите шофери се непрофесионалци? Што ако недајбоже некој договорен кадар го уништи службеното возило, на пример?
Да го запрашаме Градоначалникот каде и колку се парите што ги собра на “турбо-фолк” забавата за Нова година?
За крај очекуваме: пониска вода 20%, пониска акциза, европски спорт, струја и вода во три багреми, нови градинки, училишта. Доста сликање, земете работете нешто!“, велат во соопштението од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.