ВИДЕО – Јованоски : Никого не сум избркал од работа, на 60-тина вработени им престанаа договорите за работа

Ниту сум избркал некого од работа, ниту пак имам намера некого да избркам. Договорот што претходниот градоначалник го склучил со 60-тина вработени истече на 31 декември. Со истекот на тој договор им престана и работниот однос на вработените. Ова денеска го изјави градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски како одговор на прашање кој е неговиот став за вчерашниот прес на ВМРО-ДПМНЕ во кој тие обвинија дека Заев и Јованоски оставија 270 луѓе без работа во Прилеп од 1 јануари.

 

 

Изјавата ја пренесуваме во целост.

 

„Јас ништо тука неможам да направам повеќе, општинската администрација во иднина ќе работи со толку луѓе колку што ќе има потреба, ќе ангажираме лица, квалитетни и стручни кадри за она што мислам дека ќе има потреба. И нема ниту случајно како досега да ги држиме луѓето на стенд бај за да бидат како гласачка машинерија. Ние ќе ги вработуваме со трајно решение на јавен оглас, каде што секој ќе може да конкурира и ќе бидат избрани најдобрите од комисиите при Агенцијата при Министерството за информатичко општество. Тоа се само лаги и манипулации на некои портали и ВМРО-ДПМНЕ дека некого сум избркал, ова прашање треба да му го постават на минатиот градоначалник, а не мене“, изјавии Илија Јованоски, градоначалчник на Општина Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи