Мицковски: ВМРО-ДПМНЕ е против промена на уставното име, економијата повторно ќе биде во прв план

Facebook
Twitter
Email
Print

Новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски во своето прво интервју по стапувањето на функцијата претседател на партијата одговараше прилично резервирано на прашањата на новинарите без конкретни и отворени ставови за најжешките теми кои ја интересираат јавноста, а повеќе се фокусираше на промоција на неговите идеи како тазе претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ имаше доста благи одговори за внатрешните превирања во партијата и не беше така остар како неговиот претходник Груевски кој напуштајќи ја функцијата на Конгресот во Валандово истакна дека не очекувал такво предаство од блиски луѓе и дека си заминува со ножиња во грбот, кои засега Мицкоски нема намера да ги „извади“ посочувајќи дека партијата е отворена за сите без оглед на нивните различни мислења и дека сите мора да застанат во еден ред. Мицкоски рече дека одлично соработува со Илија Димовски кој се повлече од функцијата координатор на првата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и беше еден од иницијаторите за одложување на Конгресот во Валандово.

 

„Контрата“ Мицкоски ја даде со главното образложение дека мора да се сопрат антидржавните политики на владата предводена од СДСМ кои немаат никаква додадена вредност за граѓаните на Македонија, ниту пак ги исполните големите ветувања за подобар живот, напротив економијата е во лоша и алармантна состојба.

 

Економијата повторно ќе биде во фокусот на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски истакна дека странските инвестиции имаа огромен допринос во намалувањето на невработеноста намалување на трговскиот дефицит како и растот на БДП, а дополнително новата влада која би ја формирала ВМРО-ДПМНЕ ќе ги стимулира инвеститорите да формираат развојни центри кои ќе создаваат нов квалификуван кадар.

 

За создавање на ваков високо квалификуван кадар се потребни интензивни реформи во образованиет вели Мицкоски, тоа ќе се спроведе со стимулиран кадар во образованието со повисоки плати, односно Мицкоски откри дека прва мерка која ќе ја спроведе некоја идна владата која би ја формирала ВМРО-ДПМНЕ е зголемување на платите на вработените во основното и средното образование за цели 50 проценти во однос на тие што се во моментот.

 

Во врска со спорот за името, Мицковски рече дека ВМРО-ДПМНЕ е против промена на Уставот со цел промена на името.Потребно е достоинствено решение и што побрзо затворање на проблемот, а без разлика на тоа какво решение ќе се постигне, граѓаните ќе треба да се изјаснат на референдум. Мицкоски вели дека досега никој не го поканил да биде дел од процесот за изнаоѓање национален консензус за името.

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе бидат конструктивна опозиција, но дека конструктивноста мора да биде двонасочна. Засега не е познато кога ќе се врати пратеничката група во Парламентот.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи