Судот во Солун ја одобри екстрадицијата на ексразузнавачите Горан Грујевски и Никола Бошкоски, кои се во притвор во Грција. Одлуката беше соопштена зад затворени врати. До Врховниот суд во Атина двајцата веднаш поднеле жалба.
По Грујевски и Бошкоски беше распишана меѓународна потерница, а беа уапсени на аеродромот во Солун, кога со лажни бугарски пасоши се обиделе да заминат во Будимпешта. Грујевски и Бошковски во земјава се обвинети од Специјалното јавно обвинителство за нелегално прислушување и за уништување на опрема за прислушување.
Освен за екстрадицијата, Грујевски и Бошковски имаат уште два други процеси во Грција, независни еден од друг. Едниот е за фалсификуваните пасоши, а другиот случај е по поднесеното барање за азил на 29 ноември.