Околу 180.000 денари кои останаа како приход од светиниколскиот турнир во мал фудбал, кој од 12 до 28 декември се организираше во Прилеп, ќе бидат донирани за изградба на новиот Центар за деца со церебрална парализа.
„Што се однесува до финансискиот дел на турнирот, од котизации, донации и влезници ии трансфер на средства од локалната самоуправа собрании се вкупно 808.220 денари. Од нив на име награди, пердонален данок, греење, печатење на материјали ии други материјални трошоци потрошени се 628.386 денари. Тоа значи од фудбалскиот турнир е остварен приход од 179.834 денари, средства кои ќе бидат уплатени на наменска сметка на Општина Прилеп за опремување на Центарот за деца со церебрална парализа“, изјави Гоце Макалоски, претседател на „Локалниот спортски сојуз“.
Oва е табелата на пласманот од 1 до 3 место во сите категории :
СЕНИОРИ :
- Марфил
- Зоки 2006
- Волци
Наградата за првото место е пехар и 160.000 денари, награда за второ место пехар и 90.000 денари и награда за трето место пехар и 60.000 денари.
ВЕТЕРАНИ :
- Златна рака
- Портал
Награда за прво место 20.000 денари.
ПИОНЕРИ ГЕНЕРАЦИЈА 2005 :
- Кафе Вирус
- Победа
- Слаткарница Дизниленд
ПИОНЕРИ ГЕНЕРАЦИЈА 2006 :
- Ла Коста Победа
- Алек Палада
- Меди Колароски
ПИОНЕРИ ГЕНЕРАЦИЈА 2007 :
- Теко Солар Јуниор
- Победа
- Касни Порасни
Награда за пионери за прво место дуксерка за секој играч, награда за пионери за второ место дрес за секој играч и пофалница, награда за пионери за трето место топка и за секој играч пофалница.
„Сакам да ја истакнам мојата огромна благодарност до сите учесници на турнирот во мал фудбал Свети Никола кој традиционално се одржува во нашиот град. Исто така благодарност до „Локалниот спортски сојуз“ кој што ја организараше оваа манифестација, се надевам дека в година ќе имаме уште поголема масовност и публика. Турнирот имаше хуманитарен какрактер средствата кои се собрани од овој турнир околу 180.000 денари ќе бидат донирани за изградба на Центарот за деца со церебрална парализа“, Илија Јованоски, градоначлник на Општина Прилеп.