ВМРО-ДПМНЕ го продолжува бојкотот

Facebook
Twitter
Email
Print

ВМРО-ДПМНЕ го продолжува бојкотот на работата на Парламентот. Ова е решено на денешниот координативен состанок на највисоко ниво на партијата.

 

ВМРО-ДПМНЕ од средината на декември ја бојкотира работата на Собранието поради притворот на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска и Љупчо Димовски.

 

Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, не постои демократски амбиент за работа во собранието.

 

„Во моментов нема демократски амбиент за работа во Собранието. 12% од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се уште се наоѓа во притвор. Тоа се вкупно 5% од вкупниот број на пратеници кои се соочуваат со конструирано обвинение за тероризам. Човековите права беа прекршени, а власта ги погази и законите демонстрирајќи сила врз народните избраници “, посочи Мицкоски.

 

Според Мицковски, народниот правобранител со својот со своето излагање за приведувањата на пратениците само го потврдил овој негов став.

 

„Народниот правобранител недвосмислено констатираше дека при приведувањето на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и Жаклина Пешевска на 28-ми ноември 2017-та е повредено правото на пратенички имунитет, загарантирано со член 64 од Уставот на Македонија“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

 

Како што кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во Македонија постои политички прогон и злоупотреба на институциите, за што доказ е големиот број на притворени уметници и пратеничката група нема да учествува во работењето на Собранието сè додека не се создадат услови за нормално демократско функционирање на оваа институција.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи