Здружението „Тврдокорни“ повика на граѓанска непослушност

Facebook
Twitter
Email
Print

Здружението „Тврдокорни“ преку соопштение повика на кампања за граѓанска непослушност, што е, како што велат, граѓанско средство со кое ќе се спротивстават на политичкото насилство врз македонскиот народ.

 

„Во услови на сеопшти напади за разграбување на македонската државност, ги повикуваме сите Македонци и пријателите на македонскиот народ на секое место низ разни облици на граѓанска непослушност да го одбраниме својот дом и да ја одбраниме скапо платената македонска државност“, се наведува во соопштението.

 

Оттаму истакнуваат дека кампањата на граѓанска непослушност и морално жигосување ќе се води против внатрешните сили, како партии, организации, така и поединци, кои  според нив вршат дејства во спроведување на плановите за разнебитување на македонската нација.

 

Оттаму наведуваат дека сите оние кои во таканареченото Собрание ќе гласаат за навестените антимакедонски закони ќе бидат сметани за непријатели на македонскиот народ.

 

„Родените како Македонци кои ќе гласаат за законите како: Законот за јазиците со кој се воведува франкештајнска досега невидена двонационална држава, Договорот за добрососедство со Република Бугарија со кој македонската историја, а со тоа и македонската нација се третираат како бугарски, планот 3-6-9 со кој се напаѓаат моралот и здравата духовна култура на македонскиот народ, и на крај договарањата за името со кои македонското име во меѓународните односи му се предава во сопственост на јужниот сосед. Сите пратеници кои ќе учествуваат во гласањето на овие антимакедонски закони ќе бидат сметани за изроди од македонскиот народ. Тие и нивните нечесни семејства, нечесни родители и нечесно потомство секаде ќе бидат подложени на третман како одродници. Одродници кои во услови кога се работи за живот и смрт не се обѕрнале на тешката состојба кај сопствениот сиромашен народ туку им се приклучиле на ударите врз народот насочувани од надворешните непријатели“, пишува во соопштението на „Тврдокорни“.

 

Уште се наведува дека сите пратеници по име и презиме ќе бидат наведени и од моментот на гласање ќе го носат „јудиниот белег“.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи