Музејот Лувр во Париз го посетиле 8,1 милиони луѓе во 2017 година, што претставува зголемување од 10 отсто во однос на 2016 година, кога опадна бројот на странските туристи, објави денеска управата на оваа културна установа.
Особено погоден од падот на бројот на туристи по терористичките напади во 2015 година, Лувр во 2016 година го посетиле 7.4 милиони луѓе, што претставува пад од 13 отсто во однос на претходните години. Музејот на почетокот на јуни во 2016 година беше затворен неколку дена поради опасност од поплави.
Претходната година е обележана со враќањето на странските туристи, кои претставуваат 70 отсто од посетителите (5,6 милиони) на Лувр. Познатиот музеј најмногу е посетуван од туристи од САД (15 отсто), Кина (9 отсто), Велика Британија (4 отсто) и Германија (3,5 отсто).
Најголемо внимание привлекоа две изложби посветени на холандскиот барокен сликар Јану Верме со посета од 325.000 луѓе, и на францускиот сликар од 17 век Валантен де Булоњу со посета од 205.000 луѓе.