Во рамките на 4-та меѓународна културна манифестација на Балканот, која што го негува културното наследство од Република Турција, денеска во прилепското село Канатларци престојуваше турска делегација.
Од Општина Прилеп информиираат дека тројца пратеници: Кемал Ал Бајрак, Шабан Кардеш, Идаи Севен и претставникот на турското Министерство за култура, Сибел Ујгар на средба со градоначалникот Илија Јованоски ја истакнале потребата од продлабочување на соработка на културен план.
„Турските претставници најавија и можности за збратимување на Општина Прилеп со една општина од турската престолнина Анкара, но и донации за решавање на проблемите со водата и инфраструктурата. Манифестацијата се одржа во организација на фондацијата „Туркмен алплер“ од Анкара“, велат од Општина Прилеп.
Канатларци е единствено село со турско население во општина Прилеп. Околу 95 отсто од вкупно 1.700 жители се од турска националност.