ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : За СДС и градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски не важат законите

Г-дине градоначалник, Илија Јованоски, Ве повикуваме пред  целата јавност да кажете по кој закон е именувана директорката  на градинките во Прилеп Благица Филипоска, која вчера по Ваша наредба си поднесе оставка во попладневните часови и на нејзино место експресно ставивте за директор друг човек ? Запрашаа денеска на прес конференција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Јавноста треба да знае, дали истата таа со Ваша наредба е вработена со договор  за еден месец  на место помошник раководител на една од градинките на 24.11. 2017, за да само по 3 дена, т.е. на 27.11. 2017  од Ваша страна е именувана за ВД директор на градинките во Прилеп?

 

Дали истата ја вработивте, а подоцна ја именувавте за директор без лиценца за работа и дали дури денес,10.01.2018 ,од како е разрешена полага за лиценца?

 

Сега веќе екс директорката, претходно вработена во приватна фирма сте ја именувале незаконски затоа што за да биди некој ВД директор на државна или јавна институција треба да е од редот на вработените на таа институција.

 

Минатата недела веќе ги повикавме и просветниот и трудовиот инспекторат да ја исконтролираат работата во училиштата и градинките во Прилеп. Сега повторно ги повикуваме истите тие веднаш да преземат соодветни мерки.

 

Градоначалниче Јованоски, дали сте свесни дека со ова сносите кривична одговорност?! Одговорете пред целата јавност дали договорот за вработување  на месец дена на сега екс директорката на градинки е веќе истечен?  ВМРО–ДПМНЕ на неколку пати Ве опоменуваше дека прекршувате закони. За тоа што бркате луѓе од работа. Ве опоменувавме затоа што незаконски поставените директори и се што потпишуваат е незаконско и подлежи на кривична одговорност.

 

Ја повикуваме министерката Мила Царовска и инспекторатот кој таа го контролира да преземат соодветни мерки против градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, а истовремено министерката да кажи како оваа незаконски поставена ВД директорка потпишуваше документи и каква одговорност имаат сите погоре посочени страни?

 

Почитувани сограѓани,

 

Од раководството на  СДС во Прилеп и градоначалникот Јованоски се очекуваше да започнат со реализација на ветеното, а не да мислат само како најблиските до нив луѓе да си ги постават на раководни позиции по било која цена. Граѓаните на Прилеп заслужуваат одговор за секоја Ваша постапка“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи