Бекироски: Агенцијата за лекови откри фалсификуван лек во повеќе пакувања

Facebook
Twitter
Email
Print

Инспекциите на Агенцијата за лекови откриле еден фалсификуван лек во 28 пакувања, информира директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства, Роберт Бекироски.

 

„Инспекциските служби открија пакување од еден лек. За тие лекови подоцна, во соодветна лабараторија се докажа дека се фалсификат, и тие не се пуштени во промет. Поднесена е пријава до Обвинителството“, информира Бекироски.

 

Ќе се зајакнува и инспекцискиот надзор на лековите, особено за инсулините за кои имаше најмногу сомнежи. Првиот човек на „Малмед“ вели дека инсулините се детално испитани, и моментално и во иднина ќе се вршат целосни анализи.

 

„Во изминатите месеци сите инсулини што беа донесени со паралелен увоз на лекови детално и поединечно беа инспектирани и во соработка со референтни лаборатории овозможени се услови за нивна комплетна анализа. Моментално и во иднина врз инсулините ќе се вршат целосни анализи согласно пропишаните барања за квалитет“, рече Бекироски.

 

Од Агенцијата за лекови информираат дека во наредниот период ќе се менува Законот за паралелен увоз на лекови и на тој начин ќе се обезбеди поголема сигурност во квалитетот на увезените лекови во земјава.

 

„Паралелниот увоз на лекови е мерка која датира од крајот на 2013 година и предизвикува несигурност и недоверба кај граѓаните. Со предложените промени, дистрибутерите ќе треба да обезбедат сетификат за квалитет на производот од производителот, сертификат за квалитет од акредитирана референтна лабораторија и доказ дека  лекот е следен од местото на производство до крајното место на испорака“, додаде Бекироски.

 

Следење на потрошувачката на лекови исто така е проблем бидејќи досега не се спроведуавала и податоци има само за оние лекови кои се на товар на фондот. Во иднина се очекува да се воспостави дополнителен систем кој покажува јасна и реална слика на потрошувачката на лекови во Македонија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи