ВМРО-ДПМНЕ бара демократија и слобода за патриотите кои се политички обвинети

Facebook
Twitter
Email
Print

ВМРО-ДПМНЕ повторно реагира на притворите за лицата од 27 април кои учествуваа во крвавиот четврток во Собранието. Од партијата велат дека тие се патриоти кои политички се обвинети и мораат да бидат ослободени. Според нив, случајот е конструиран за да се гонат десетици невини луѓе за фабрикувано дело тероризам.

 

„Правосудните органи мора да се ослободат од стегите и притисокот и своите одлуки да ги донесуваат исклучиво согласно со позитивните законски норми. Независното судство е право на граѓаните, кое не смее да им биде скратено. Судот пред себе има доволно аргументи кои говорат дека делото тероризам, за кое се товарат патриотите, е монтиран случај. Судот врз основа на аргументите и законите треба да ги укине притворите и да му стави крај на овој политички монтиран случај“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Според нив, судот има обврска да ја гарантира законитоста и да биде чувар на демократијата, а исто така има одговорност пред евро-атлантските аспирации на земјата да постапува исклучиво врз основа на закон, Устав и меѓународните договори, а не врз основа на притисоци.

 

„Судот не смее да го занемари извештајот на Народниот правобранител. Народниот правобранител јасно предочи дека полицијата извршила прекршување на законот при апсењето, со што директно изршила кривично дело од чл.140 од КЗ. Не почитувајќи ги имунитетот на пратениците, но и презумпцијата на невиност. Судот не смее да ги занемари аргументите и да остане соучесник. Институциите, како и сите политички и општествени чинители во Република Македонија имаат единствена обврска да ја придвижуваат државата кон евро-атланските структури, да ги зачуваат демократијата и правната држава. Ништо од тоа нема да биде случај сè додека институциите се користат за фабрикување кривични постапки против политички неистомисленици“, додаваат од таму.

 

Од партијата велат дека граѓаните имаат потреба од институции кои ќе го спроведуваат законот, а, пак, државата итно мора да тргне по патот на демократијата и никој не смее да биде пречка.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи