Османи: Постои консензус терминот Македонија да се најде во која било варијанта за решавање на спорот

Facebook
Twitter
Email
Print

Постои консензус, терминот Македонија да го има во која било варијанта во решавање на спорот за името, Грција го прифаќа тоа, но се уште не треба да влегуваме во таа расправа, рече вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи во вечерашното гостување на телевизија „24“, по неговото враќање од Атина и средбите со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас и со заменик-министерот за надворешни работи задолжен за европски прашања и меѓународни економски односи на Грција, Јоргос Катругалос.

 

Тој нагласи дека грчките власти прифаќаат име во кое би бил содржан терминот Македонија. Не сакајќи отворено да зборува за можните решенија во моментов, Османи нагласил дека во интерес на целиот процес за конечно решавање на спорот е да не се лицитира со имиња.

 

Османи со став дека двете држави се обидуваат да пронајдат прифатливо решение кое нема, како што рече, да удира врз најчувствителните вредности на двете општества.

 

Според него, многу е важно да се искористи моментот за решавање на овој спор, за државата да влезе во НАТО, бидејќи како што кажа, е важно поради безбедносни причини.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи