СДСМ : Се што ветивме заедно градоначалникот Јованоски ќе оствариме

Паниката и револтот од изборниот пораз на криминалната ВМРО-ДПМНЕ, е очигледен  во секој нивни јавен настап. Очајот во криминалната ДПМНЕ е до толкава мера, што само по два ипол месеци од работата на новата локална власт на СДСМ и градоначалникот Илија Јованоски, си дозволуваат неосновано и клеветнички да критикуваат се што напорно работи. Велат од СДСМ во во соопштението кое доаѓа како реакција на денешната прес конференциија на О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Постапката за обезбедување струја за граѓаните во населбата „Три Багреми“, е веќе во тек. Граѓаните во овој дел од Прилеп ќе имаат довод на струја, онака како што беше ветено.

 

Покрај тоа, со 2.5 милиона денари кои што се веќе легнати на сметката на Општина Прилеп, преку Министерството за транспорт и врски ќе се реализираат и други инфраструктурни зафати во оваа населба, каде што граѓаните живеат под сите норми.

 

Криминалната ДПМНЕ ги злоупотребуваше овие наши сограѓани од ромската популација како гласачка машина. На секои избори  им ветуваше елементарни услови за живот, а ги остави 12 години да пијат вода од прилепското езеро, без електрификација и без контејнери за отпад.

 

Се што вети градоначалникот Јованоски во предизборите, се ќе оствари. Само за 2 месеца, веќе се договорени сериозни инвестиции.

 

Со кое лице и образ се дрзнува криминалната ДПМНЕ да критикува за театарот? Па, наместо да изградеа нов театар во центарот за култура, тие му направија ликовна колонија на ексдиректорот Тони Чатлески и нему му отворија атеље. Полни 12 години театарските работници се оставени да мизеруваат во руинираната зграда, срам на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Најкреативниот ансамбл во Македонија го оставија да твори без гримиорни, во зграда каде таванот капе од сите страни, ѕидовите се распаѓаат, каде што каблите од струјата се соголени.

 

Градоначалникот Јованоски вети и Прилеп ќе добие нов театар во неговиот четиригодишен мандат. Затоа што за СДСМ и за Јованоски зборот е збор“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи