Во грчкиот државен врв постои оптимизам за решение за името

Претседателот на грчкиот парламенти и алтернативниот министер за надворешни работи излегоа со оптимистички изјави за затворање на долгогодишниот спор меѓу двете земји. Никос Вуцис на државната ТВ ЕРТ, и Јоргос Катругалос за собранискиот канал, велат дека постои можност за решение.

 

„Задоцнивме многу години и сега кога постои различна корелација на политичките сили и ставови во пЈРМ, имаме важна шанса што не треба да се испушти. Јас сум оптимист“, рече претседателот на грчкиот парламент, говорејќи синоќа во информативна емисија на грчката државна ТВ ЕРТ.

 

Прашан дали постои интерес од други страни да се најде решение меѓу Атина и Скопје, Вуцис одговори дека сите се заинтересирани за затворање на ова прашање, особено ЕУ, НАТО и соседните земји.

 

Во врска со спротивните ставови што ги искажува Панос Каменос, лидерот на независни Грци, помалиот коалициски партнер во Владата, Вуцас вели дека не очекува проблеми и оти ќе биде постигнато владино единство и парламентарно мнозинство во врска со евентуалниот договор за прашањето за името.

 

Со речиси идентични изјави како претседателот на парламентот е и алтернативниот министер за надворешни работи на Грција. Јоргос Катругалос, вели дека „топката е на теренот на другата страна која одговара позитивно“.

 

„Убеден сум дека ќе стигнеме до решение што ќе биде национални поволно и ќе има поддршка, не само од нашиот коалиционен партнер, туку и од мнозинството политички сили во парламентот“, рече Катругалос во интервјуто за собранискиот канал, пренесува грчката новинска агенција АПЕ-МПЕ.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien