Десет години од хеликоптерската несреќа кај Блаце

Facebook
Twitter
Email
Print

Денеска се навршуваат десет години од трагичната хеликоптерска несреќа кај катлановско Блаце во која животот го загубија 11 припадници на армијата на Република Македонија.

 

Во нивна чест, на спомен обележјето, цвеќе ќе положат  делегации од министерството за одбрана генералштабот на АРМ, кабинетот на претседателот, здружената оперативна команда, пешадиска бригада и членовите на семејствата на загинатите припадници.

 

Македонските мировници кои се враќаа дома по шестмесечната мисија во Алтеа, на 12 јануари 2008 година, полетаа со хеликоптерот „МИ 17“ од базата Бутмир кај Сараево, а требаше да слетаат на воениот дел од скопскиот аеродром. Последниот контакт со контролната кула леталото го направило на шест милји од целта.

 

Во несреќата животот го загубија потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, заставниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ, Мики Ивановски, Александар Тасковски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељановски.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи