Приведен уште еден осомничен за настаните од 27 април, кој се бараше со потерница

Facebook
Twitter
Email
Print

Полицијата денеска потврди дека синоќа бил уапсен Младен Додевски, еден од осомничените за собраниските инциденти на 27-ми април, кој досега беше во бегство. Додевски е еден од петмината по кои беше распишана потерница затоа што не беа достапни на органите на прогонот.

 

Беше уапсен пред ресторан во Скопје, каде тргнал на семејна прослава. Полицијата го чекала пред ресторанот и го уапсила кога пристигнал. Веднаш е префрлен во полициска станица, а нему веќе му е определен притвор.

 

Кривичниот суд бараше притвор за Додевски и уште четворица осомничени во бегство, меѓу кои  Александар Василевски Нинџа, Никола Митревски Кољо, Дејан Давидовски и  Митре Питроповски.

 

Додевски се сомничи за тероризам и уставно загрозување затоа што, според сомнежите, маскиран и со фантомка упаднал во Собранието заедно со толпата демонстранти.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи