Центарот за деца со церебрална парализа во Прилеп ќе биде лоциран до зградата на матичното одделение

На денешната вонредна 7-ма седница на Советот на Општина Прилеп, советниците донесоа одлука за пренамена на објектот каде што треба да биде сместен Центарот за деца со церебрална парализа. Објектот се наоѓа веднаш до старата зградата каде сега се наоѓа матичното одделение, тој бил бесправно изграден, а сега Советот го легализирал.

 

 

Според претседателот на Советот, Миле Талески, објектот првично бил заведен дека се води како објект од деловен карактер, а сега тој се пренаменил во објект за згрижување на деца заболени од церебрална парализа. Капацитетот на Центарот бил за околу 40-тина лица.

 

„Општина Прилеп има поднесено апликација до Министерството за труд и социјална политика за добивање на средства изградба на Центар за згрижување на деца со церебрална парализа. Апликацијата беше поднесена во зададениот рок што ние како Општина требаше да го исполниме. Со оглед на тоа дека денеска завршува целиот процес за добивање на согласност за добивање на овие финансиски средства за Центарот Советот на Општина Прилеп донесе одлука за пренамена на овој објект. Центарот за згрижување на деца со церебрална парализа е втор на ниво на Македонија, другиот е во Скопје. Тој ќе биде од исклучително значење за родителите и децата кои се заболени од оваа болест. Тие се лица кои не се згрижени или социјално етаблирани во општеството. Преку оваа мерка излегуваме во пресрет на овие семејства се со цел да им помогнеме на овие деца“, изјави Миле Талевски, претседател на Совет на Општина Прилеп.

 

Талевски рече и тоа дека жали што советниците на ВМРО-ДПМНЕ не собрале сили за да присуствуваат на оваа седница, на која според него се решевало за еден ваков капитален објект.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи