МОН најавува измени во наставата: Наставниот час ќе трае 55 минути

Facebook
Twitter
Email
Print

Министерството за образование и наука предвидува измени за учениците.

 

Учениците од прво до трето одделение ќе имаат максимум четири часа дневно. Часот ќе трае 55 минути до кои 40 ќе бидат наставни, а останатите 15 минути децата ќе имаат пауза која ќе ја одреди наставникот. Тие ќе имаат севкупно шест предмети и тоа  Мајчин јазик, Математика, Светот околу нас, Уметност и Физичка култура. Ова се само дел од промените во основното образование, кои денеска ги најави министерката Раната Дескоска на прес-конференција.

 

Големи измени се предвидени и со предметите. Природни науки и Општество ќе бидат споени во еден предмет кој ќе се вика Светот околу нас. Ликовно и музичко образование исто така ќе се интегрираат во еден предмет – Уметност. Вака ќе се намали бројот на предметите и часовите за првачињата.

 

На часовите по Физичко и здравствено образование се воведува стручен наставник кој во тандем со одделенскиот наставник ќе ја реализира наставата. Овој предмет во погорните одделенија се заменува со предметот Спорт.

 

„Фокусот е ставен на првите три одделенија од основното образование, гледано поединечно и како целина, а притоа водејќи се од прашањето со какви знаења и вештини очекуваме да се стекнат децата по завршувањето на третото одделение. Ревизијата води сметка не само за образовната компонента, туку и за воспитната, односно дава посебен акцент на формирањето на карактерот на децата“, рече министерката Рената Дескоска.

 

По предлог на МОН ќе се намалат и тестирањата на учениците, домашните ќе се заменат со активности и вежби на час, а ќе се воведе и служба за поддршка на талентираните ученици, како и за оние со послаб развој.

 

Од денеска предлозите ќе бидат ставени на јавна дебата.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи